Mahmut Atanur
14 Јуни 2016•Ажурирај: 14 Јуни 2016
ПЕКИНГ (АА) - Кинескиот претседател Си Ѓинпинг ја прими германската канцеларка Ангела Меркел која престојува во дводневна официјална посета на Пекинг, што претставува нејзина девета посета на најнаселената земја на светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Главна тема на разговорот беше интензивирање на економската соработка помеѓу двете земји, а кинескиот претседател Си истакна дека билатералните односи на двете земји достигнале задоволувачко ниво и дека се очекува плодовите од таа соработка да се видат и на економски план.
Си и Меркел се согласни и за неопходноста од јакнење на соработката на Пекинг и Берлин и на меѓународната сцена, како и почитување на взаемните интереси.
Вчера во Пекинг одржан е и состанокот на канцеларката Меркел и кинескиот премиер Ли Кеќанг, а во таа пригода разговарано е и за критиките од ЕУ кон официјален Пекинг во врска со нетранспарентното однесување на пазарот.
Ли изјави дека Кина не сака да влегува во економска војна со Европа која на никој не би донела добро, а Меркел порача дека од Кина очекува кон странските инвеститори да биде отворена како и Германија.
Шефицата на германската влада Меркел денес ќе се состане со кинеските претприемачи во Шенјанг, главниот град на североисточната кинеска провинција Љаонинг, во која се наоѓа кинеско-германската индустриска зона.