Şeyma Uzundere
26 Март 2021•Ажурирај: 28 Март 2021
АНКАРА
Во верижна сообраќајна несреќа во градот Раџшахи во Бангладеш, во која учествуваа автобус, минибус и возило за превоз на патници, животот го загубија 17 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Властите инфорираа дека првенствено се судриле автобус и минибус кои се движеле со голема брзина, по што минибусот од задната страна удрил во возилото за превоз на патници.
Во соопштението се наведува дека од силината на ударот во минибусот експлодирала боцата за гас и притоа изгореле 13 патници кои останале заглавени во возилото. Во сообраќајната незгода животот го загубија и тројца патници во автобусот и едно лице во возилото за превоз на патници.
Властите инфорираа дека големиот број повредени, од кои тројца потешко, се префрлени во локалните болници.