Sayed Khodaberdi Sadat
08 Септември 2018•Ажурирај: 09 Септември 2018
КАБУЛ (АА) - Во јужниот дел на Авганистан, во провинцијата Кандахар, се случи сообраќајна несреќа во која животот го загубија 15 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полицијата на Кандахар, Азиз Ахмад Азиз, соопшти дека патничкиот автобус кој од Хелманд се движел кон главниот град Кабул, во местото Џирај се судрил со ТИР-камион кој доаѓал од спротивната насока.
Портпаролот Азиз информираше дека во несреќата животот го загубија 15 лица, меѓу кои има и жени, а повредени се 25 лица.
Во изјавата портпаролот Азиз истакна дека причина за несреќата е невниманието на возачот на автобусот.