Muhammed Sabry
29 Февруари 2024•Ажурирај: 01 Март 2024
ЕРУСАЛИМ/КУДС (АА) - Израелската полиција денес ја затвори околината на американската Амбасада во Тел Авив, откако во близина беше пронајден „сомнителен предмет“, јавува Анадолу.
Во полициското соопштение се наведува дека предметот бил пронајден закачен за автомобил паркиран во близина на американската Амбасада на улицата „Јаркон“ во Тел Авив.
Полицијата започна истрага за да се утврди природата на предметот.
Според полицијата, зад инцидентот може да стојат криминални мотиви.
Од американската Амбасада сѐ уште нема коментар за извештајот.