Ekipa
22 Септември 2019•Ажурирај: 23 Септември 2019
МОГАДИШУ (АА) - Најмалку осум војници загинаа, а неколкумина се повредени во напад на терористичката организација Ал Шабаб врз базата на сомалиската Национална армија (SNA) во подрачјето Долен Шабел, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот се случи утринава во базата на Националната армија на Сомалија, во местото Ел-Салини кај градот Марка.
Капетанот на сомалиската Национална армија, Адоу Моалим Мохамед, за АА телефонски изјави дека вооружени припадници на Ал Шабаб ја нападнале армиската база во Ел Салини, убивајќи осум војници и повредувајќи неколку други.
„Вооружените припадници на терористичката група Ал Шабаб ја нападнаа нашата база и тогаш се случи размена на оган меѓу нашите сили и групата. Осум наши војници загинаа, но ние исто така убивме повеќе припадници на Ал Шабаб“, изјави Мухамед.
Гувернерот на Долен Шабел и командант на Националната армија, Ибрахим Адан Наџах, го потврди нападот и изјави дека Армијата го одбила нападот на Ал Шабаб, но не соопшти ништо во врска со жртвите.
Мештаните за АА анонимно телефонски изјавија дека базата по жестокиот судир се наоѓа во рацете на Ал Шабаб.
Терористичката организација Ал Шабаб, која се смета за огранок на Ал Каеда, презеде одговорност за смртоносниот напад и изјави дека убила повеќе војници и запленила 6 оклопни возила од базата.