Tufan Aktaş
20 Август 2022•Ажурирај: 22 Август 2022
Најмалку 15 лица загинаа во нападот извршен врз хотелот „Хајат“ во сомалискиот главен град Могадишу од страна на милитантите на терористичката организација Ал-Шабаб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на националните медиуми, во вчерашниот напад на Ал-Шабаб врз хотелот загинале 15 лица, меѓу кои безбедносни службеници, како и сопственикот на хотелот.
Се истакнува дека милитантите кои се наоѓале внатре во хотелот, се судриле со безбедносните сили, додека во утринските часови сè уште се слушале судири.
Затворени се сите патишта што водат кон хотелот, додека во текот на судирите се слушнати и бројни експлозии.
Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација Ал-Шабаб.