Kemal Karadağ
09 Август 2020•Ажурирај: 11 Август 2020
АНКАРА
Откриено е дека терористите во северниот дел на Ирак подметнувале пожар во шумските зони, додека за тоа ја обвинувале турската Војска, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА од безбедносните извори, терористите користат различни начини да ја дискредитираат Турција и да ги обвинуваат Турските вооружени сили (ТСК) кои реализираат успешни операции во северниот дел на Ирак.
Преку снимките снимени со беспилотни летала откриено е дека терористите на терористичката организација ПКК кои зазедоа тежок удар со овие операции, подметнувале пожари во шумските зони во ова подрачје, и се обидувале да оставаат впечаток дека пожарите биле подметнати од страна на турската Војска
Во снимките се забележува како двајца терористи подметнуваат пожар во шумската зона, како пожарот ги покрива дрвјата и како во оваа зона долго време владее чад.