Recep Şakar
24 Август 2018•Ажурирај: 25 Август 2018
МЕЛБУРН (AA) - Министерот за финансии на Австралија, Скот Морисон, откако ја доби поддршката од раководството на Либералната партија на гласањето, стана 30. премиер на оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Морисон ќе биде седмиот премиер на оваа земја во 11 години бидејќи ниту еден шеф на Владата уште од 2007 година не издржал цел мандат.
Кризата во коалициската Влада на Либералната и Националната партија, која произлезе од прифаќањето на мигрантите, енергетската политика и неуспехот на изборите резултираше со промена на премиерот.
Морисон со 45 гласа го победи противкандидатот, поранешниот министер за внатрешни работи Петер Дутон, кој го водеше конзервативниот бунт против досегашниот премиер на Австралија, Малком Турнбул.
Заменик на новиот премиер ќе биде министерот за енергетика, Још Фриденберг.
Скот Морисон (50), заврши на Департманот за економија на Универзитетот „Нов Јужен Велс“. Во 2007 година влезе во Парламентот. Оженет е и татко на две деца.