Faruk Zorlu
23 Август 2018•Ажурирај: 24 Август 2018
АНКАРА (АА) - Одбележувајќи го муслиманскиот празник Курбан бајрам, турската Фондација за хуманитарна помош ИХХ подели курбанско месо за околу 2,3 милиони сиромашни лица во 103 земји на светот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Фондацијата, чие седиште е во Истанбул, се наведува дека во 57.961 акција, курбанското месо е доставено на лицата во бегалските кампови, во разорените и осиромашени региони, како и во подрачјата погодени од природни катастрофи.
При тоа, приоритет имаа: Сирија, Ирак, Палестина, Сомалија, Јемен, Бангладеш, мјанмарската држава Аракан и кинескиот регион Ксинџианг.
Фондацијата за хуманитарна помош ИХХ постави темели за разни проекти за подобрување на условите за живот, што вклучува обнова и изработка на џамиите, бунарите и центрите за едукација во земјите во кои подели курбанско месо.
Оваа фондација, која е една од водечките турски хуманитарни организации, донираше и облека за повеќе од 17.000 деца без родители во 16 земји, меѓу кои и во Турција.
Освен тоа, Фондацијата во Сирија жртвуваше илјадници животни во северна Сирија и подели курбанско месо за околу 215.000 лица во Африн, Идлиб, Алепо, Хама, Хомс, Ал Баб, Џарабулус и Азаз, региони кои се ослободени во рамките на турската операција „Штитот на Еуфрат“.