Сиријците ја одбележаа годишнината од падот на режимот на Асад со масовен собир во Хама
Собирот ја одбележа првата годишнина од револуцијата на 8 декември, но обемот на уништување низ цела Сирија останува огромен
СКОПЈЕ (АА) - Илјадници Сиријци се собраа во Хама вчера скандирајќи го слоганот „Слободна Сирија“ и пеејќи револуционерни песни за да ја одбележат првата годишнина од падот на режимот на партијата Баас, јавува Анадолу.
Аладин Маграбил, кој го одбележа соборувањето на режимот, ја изрази својата радост што е присутен за да ја сподели среќата на цела Сирија. „Бог нè спаси од угнетувачите“, рече тој.
Друг учесник, Анас Ахмед ал-Наим, изјави дека сака да ја сподели радоста на „денот на слободата“ на Хама, осврнувајќи се на 60-годишното угнетување на народот од страна на режимот. Ал-Наим го нарече денот „благослов од Господ“ и се заколна дека ќе го штити.
Собирот ја одбележа првата годишнина од револуцијата на 8 декември, но обемот на уништување низ цела Сирија останува огромен.
Режимот на партијата Баас, кој беше на власт од 1963 година, падна кога лидерот на Сирија речиси 25 години, Башар ал-Асад, избега во Русија во декември 2024 година. Нова администрација, предводена од претседателот Ахмед ал-Шара беше формирана во јануари.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
