Eşref Musa
22 Јули 2018•Ажурирај: 23 Јули 2018
ИДЛИБ (АА) - Иранските сили кои го поддржуваат режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, на патот Дамаск - Хомс задржаа околу 800 евакуирани цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Конвојот од 33 автобуси во кои се наоѓаат лицата кои синоќа ја напуштија Дера, беше запрен од вооружените членови на милицијата при Иранската револуционерна гарда.
Групата „Координатори за интервенција на северот“, која ја придружуваше евакуацијата, ја повика Русија да обезбеди ослободување на 799 лица, меѓу кои 322 се малолетни и 175 се жени.
На вториот конвој кој ја напушти Дера му требаа околу шест часа за да стигне до целта. Првиот конвој од 700 лица вчера пристигна во Идлиб.
Режимските сили и нивните сојузници на 20 јуни започнаа акција врз Дера. Русија и воената опозиција на 6 јули постигнаа договор за трајно примирје во Дера и за евакуација.