свет

Виетнам: Во тропска бура 19 загинати, 13 лица исчезнати

Локалниот весник „Бангкок пост“ (Bangkok Post) објави дека во поплавите животот го загубиле најмалку 19, а 13 лица се водат за исчезнати

Emre Aytekin  | 22.07.2018 - Обновена : 23.07.2018
Виетнам: Во тропска бура 19 загинати, 13 лица исчезнати

Ankara

ХАНОИ (АА) - Најмалку 19 лица загинаа во поплавите во Виетнам, кои ги предизвика тајфунот „Сон Тин“, пренесува Anadolu Agency (AA).

Тропската бура и тајфунот „Сон Тин“ ги погодија северните делови од Виетнам и предизвикаа поплави во неколку населени региони.

Локалниот весник „Бангкок пост“ (Bangkok Post) објави дека во поплавите животот го загубиле најмалку 19, а 13 лица се водат за исчезнати.

Невремето, проследено со бура, го погоди главниот виетнамски град Ханои. Ова е трета бура од ваков тип што од почетокот на годината го погоди Виетнам.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın