свет

Сирија идентификуваше 5 нови крајбрежни зони за истражување на природен гас

„Државната сириска компанија за нафта работи на проширување на постојните нафтени полиња и отворање нови“

Mohammad Sıo  | 20.11.2025 - Обновена : 20.11.2025
Сирија идентификуваше 5 нови крајбрежни зони за истражување на природен гас

АНКАРА (АА) – Пет нови зони покрај сирискиот брег се идентификувани за истражување на природен гас, соопшти вчера енергетски официјалeн претставник, јавува Анадолу.

„Државната сириска компанија за нафта работи на проширување на постојните нафтени полиња и отворање нови“, изјави извршниот директор Јусуф Каблави за државниот канал „Ал-Икбарија“.

Тој наведе дека Сирија очекува да го удвои производството на гас во краток период, при што компанијата има цел значително да го зголеми националното производство пред 2030 година.

Каблави додаде дека инженерите подготвиле домашни истражувачки планови за региони јужно од Дамаск, без ангажман на странски посредници, и дека се назначени пет нови крајбрежни истражувачки блокови, иако нивната точна локација не беше откриена.

Според него, Сирија е позиционирана да стане „важен центар за дистрибуција на гас кон Европа“, а развојните планови на компанијата треба да придонесат за зголемување на приходите на граѓаните.

Извршниот директор исто така истакна дека компанијата располага со „високо ниво на експертиза“ и има намера да ја трансформира сириската компанија за нафта во „глобален“ оператор способен да инвестира и надвор од земјата.

Во вторникот, компанијата потпиша меморандум за разбирање со американската „КоноколФилипс“ со цел проширување на соработката во развојот и истражувањето на гасот, како и размена на техничко знаење.

Според владините податоци од 2025 година, Сирија располага со околу 8,5 трилиони кубни метри докажани резерви на природен гас, додека дневното производство на неасоциран гас во просек изнесувало околу 250 милиони кубни метри, односно 58 % од вкупното национално производство.

Асоцираниот гас – кој се добива заедно со суровата нафта – учествува со 28 % од вкупната продукција, при што најголемиот дел се вади источно од реката Еуфрат.

Сириската Влада во последните години се обидува да го подобри снабдувањето со енергија преку потпишување договори и меморандуми со странски држави и компании, со цел да ги зајакне основните услуги и да го подигне животниот стандард.

Бaшар ал-Асад, кој ја водеше земјата речиси 25 години, побегна во Русија во декември минатата година, со што заврши власта на партијата Баас која беше на чело на Сирија од 1963 година. Во јануари беше формирана нова влада под водство на претседателот Ахмад ал-Шара.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın