Ekipa
01 Април 2017•Ажурирај: 02 Април 2017
ХОМС (АА) - Поради прекршувањата на примирјето од страна на режимот на Асад и неговите сојузници, речиси 1.800 опозициски борци и цивили од подрачјето Ал Ваер, кое се наоѓа во северната област Хомс, се испратени во северозападниот сириски град Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Според репортерот на АА, групата евакуирани цивили се состои од 358 жени и 434 деца.
Евакуцијата е спроведена во рамките на договорот помеѓу сириската опозиција и режимот, поддржан од страна на Русија, кој е со цел префрлување на опозициските борци во Идлиб или другите области кои се под контрола на опозицијата во близина на Алепо.
Со години Ал Ваер е под опсада од страна на режимот. Повеќе од 20.000 лица се пријавиле да го напуштат подрачјето во рамките на договорот кој беше склучен на 13. март.
Според условите на договорот, најмалку 12.000 лица ќе бидат пренесени во покраината Алепо, 6.200 во Идлиб и 2.400 во Хомс.
Режимските и руските сили ќе се сметаат за одговорни за безбедноста на евакуираните лица од Ал Ваер. Руски воен контингент ќе биде распореден во подрачјето, со цел да ја нагледува имплементацијата на договорот.
Турската црвена полумесечина и друтие турски хуманитарни агенции, пак, ќе бидат одговорни за безбедноста на евакуираните лица во Алепо и во Идлиб.
Според податоците на ОН, по започнувањето на граѓанската војна во Сирија во 2011 година, загинаа над 250.000 лица, а милиони се раселени.