Haydar Hadi
01 Април 2017•Ажурирај: 02 Април 2017
БАГДАД (АА) - Ирачкиот парламент ја одобри одлуката со која на јавните институции и организации во Киркук ќе можат да се поставуваат само ирачки знамиња, јавува Anadolu Agency (AA).
Туркменскиот пратеник, Хасан Туран, за АА изјави дека на денешната седница во парламентот, се гласало за употребата на знамето на Регионалната влада на ирачките Курди.
Пратеникот Туран рече дека на седницата било изгласано во Киркук да се поставува само ирачкото знаме.
Тој додаде дека курдските пратеници ја напуштиле седницата и не учествувале на гласањето.
Седницата на Парламентот со која претседаваше Селим ел-Џубури, беше отворена со присуство на 186 пратеници.
На седницата на обласното собрание на Киркук, која што се одржа во вторникот минатата недела, учествуваа 26 курдски пратеници, а беше бојкотирано од страна на туркменските и арапските пратеници, беше усвоена одлука со која на јавните згради во градот покрај знамето на Ирак ќе се поставува и знамето на Регионалната влада на ирачките Курди.