Zeynep Tüfekçi
21 Октомври 2017•Ажурирај: 22 Октомври 2017
ЕРБИЛ (АА) - Пешмергите тврдат дека во вчерашниот судир со ирачките безбедносни сили на патот Керкук - Ербил животот го загубија и се ранети повеќе од 150 претставници на безбедносните сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Раководството на пешмергите објави дека се судриле со ирачките безбедносни сили во градот Алтинќопру, при што загинале и се ранети повеќе од 150 претставници на заедничките ирачки безбедносни сили, додека од страната на пешмергите загинале 6 лица.
Во соопштението се вели: „Пешмергите ги растурија нападите кои ги изведуваа борците на Хашди Шаби и нивните сојузници”.
Ирачката влада сѐ уште не даде никаква изјава во врска со настанот.
Воената медиумска мрежа, која е поврзана со ирачкото министерство за одбрана објави; „Во борбата против тероризмот, федералната полиција и силите на Хашди Шаби воспоставија безбедност во Алтинќопру”.
Министерството за одбрана на Ирак објави дека по ослободувањето на градот Алтинќопру, воспоставена е целосна контрола врз нафтените полиња кои се наоѓаат во околината на Керкук.