Ali Mukarrem Garip
25 Декември 2018•Ажурирај: 25 Декември 2018
МОСУЛ (АА) - Во центарот на гратчето Тал Афар, сместено во подрачјето на градот Мосул, во кое претежно живеат Туркменци, експлодираше паркирано возило исполнето со бомби, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменик-претседателот на обласното Собрание на Мосул, Нуретин Каплан, за АА изјави „Во центарот на Тал Афар експлодираше паркирано возило полно со бомби.“
Каплан рече дека сѐ уште не е познато лицето или лицата кои со далечински управувач го активирале експлозивот поставен во паркираното возило. Тој информираше дека од експлозијата починале 2 лица, а 13 се ранети.
Каплан соопшти дека ранетите се префрлени во различни болици во Мосул, и додаде дека цел на ваквите напади се безбедноста и стабилноста на подрачјето.