Haydar Hadi
27 Август 2017•Ажурирај: 28 Август 2017
МОСУЛ (АА) - Сите населби во централното подрачје на ирачкиот Тал Афар, во кој живее туркменско население, се ослободени од терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Командантот за операции во Тал Афар, Абдулемир Јарула, изјави дека оклопните единици на војската на тие три бригади на Хашди Шаби ги ослободиле населбите меѓу кои и Марид.
Според Јарула, во рацете на ДЕАШ се наоѓа само подрачјето Ијадије, а ирачките сили покренаа акција и за негово ослободување.
Премиерот на Ирак, Хајдар ал-Абади, во неделата на 20 август соопшти дека е покрената операција за ослободување на Тал Афар од ДЕАШ.