Ekipa
25 Декември 2018•Ажурирај: 26 Декември 2018
АЗАЗ (АА) - ОМЕР КОПАРАН -
Ебу Ахмет Нур, командант на Фронтот на Дамаск при Слободната сириска војска (ССВ) во Сирија, истакна дека се изненадени од поддршката на Франција за терористичката организација ЈПГ/ПКК, и рече дека се одлучни Сирија да ја расчистат од терористите на ЈПГ/ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Нур во разговор со АА говореше за изјавата на Франција, која по одлуката на САД за повлекување од Сирија, изрази поддршка за терористичката организација ЈПГ/ПКК која го користи името СДГ (таканаречени „Сириски демократски сили“), и рече дека се изненадени од ставот на Франција околу сириското прашање.
„Со тоа што се наоѓа во редовите на ЈПГ и ПЈД и ги поддржува нив, Франција - земја која ги брани слободите и мирот, слабее. Ние како национална армија ќе го исполниме нашето ветување за чистење на нашите територии од тероризам, за осигурување на безбедноста, за повторно поставување на стабилноста и за враќање на нашиот народ кој беше присилно теран да мигрира“, нагласи тој.
Од друга страна, Сејф Ебу Бекир, командант на дивизијата „Хамза“ при Слободната сириска војска, вчера исто така реагираше против поддршката на Франција за ЈПГ/ПКК.
„Ќе видиме дека ветувањата на Макрон ќе бидат бесмислени кога источниот дел на Еуфрат ќе биде ослободен од ПКК и ДЕАШ. Ќе ги ослободиме нашите територии од ПКК и ДЕАШ“, нагласи тој.
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, пред извесно време изрази жалење поради одлуката на САД за повлекување од Сирија.
„СДГ и Курдите во Сирија се оние кои се борбат против терористите на терен, и против оние кои вршат терористички напади во Париз и во други места. Затоа, секого го повикувам на одговорност, и не треба да заборавиме дека ним им должиме“, рече Маркон.
Водачите на ЈПГ/ПКК, Илхам Ахмед и Риад Дирар, по одлуката на САД за повлекување од Сирија, побарале средба со Макрон, но се состанале со неговите советници.
Француската војска има свое присуство во најмалку пет воени бази во зоната по окупацијата на терористичката организација ЈПГ/ПКК во северниот дел на Сирија.
Над 100 војници, меѓу кои припадници на специјалните сили на Франција, работат со терористичката организација ЈПГ/ПКК. Француските војници често влегуваат и излегуваат од Ирак.