Halit Süleyman
09 Март 2017•Ажурирај: 09 Март 2017
ИДЛИБ (АА) – Четири цивили го загубија својoт живот, а многумина се повредени во воздушен напад од страна на силите на режимот врз Идлиб, град во северозападниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации од тимовите за Цивилна одбрана, два воени авиона на режимот на Асад го бомбардирале порачјето Кефер Нубул, што се наоѓа во јужниот дел на градот Идлиб. Во нападот живот го загубија 4 цивили, меѓу кои 2 деца и една жена, додека многумина се ранети.
Како резултат на бомбардирањата голем број на објекти се разурнати во подрачјата, цели на овие напади.
Сирискиот режим и минатата недела изврши напад врз Кефер Нубул, при што загинаа 6 лица.
Силите на режимот на претседателот Баша ал-Асад често го прекршуваат примирјето, кое беше прогласено на 30 декември 2016 годин, со посредство на Турција и Русија.