Büşra Selvi Öğütcen
09 Март 2017•Ажурирај: 10 Март 2017
АНКАРА (АА) – Намален е бројот на мигрантите кои од Мексико илегално влегуваат во Соединетите Американски Држави (САД), јавува Anadolu Agency (AA).
Секретарот за внатрешна безбедност на САД, Џон Кели, истакна дека во однос на јануари, бројот на мигрантите што од Мексико илегално влегувале во државата е намален за 40 отсто во февруари.
Кели информираше дека бројот на „неприфатливите“ лица кои ја поминале границата помеѓу двете земји во јануари изнесувал 31.578, додека во февруари овој број е намален, и изнесува 18.762.
Тој нагласи дека ваквиот пад е резултат на острите политики на претседателот на САД, Доналд Трамп. Кели посочи дека од моментот кога стапија во сила претседателските наредби на администрацијата на САД, во врска со применувањето на законите за имиграција, најниска бројка на „неприфатливи активности“ во последните 5 години била забележана во месец февруари.
Кели додаде дека во овој период, бројот на приведени мигранти бил зголемен.
Се дознава дека во државата живеат околу 11,2 милиони илегални мигранти, од кои повеќето Мексиканци. Претседателот на САД, Доналд Трамп, пет дена по доаѓањето на функција, на 20 јануари го потпиша декретот со кој се предвидува да се спречи илегалната миграција, како и да се изгради ѕид на границата со Мексико со цел да се зајакне граничната безбедност. Трамп истакна дека буџетот за изградба на ѕидот првин ќе биде финансиран од страна на федералната власт, а потоа тие пари ќе ги добијат од мексиканската Вада, а пак претседателот на Мексико, Енрике Пења Нието, нагласи дека Мексико нема да плати за изградбата на ѕидот.