Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
24 Јули 2019•Ажурирај: 25 Јули 2019
ИДЛИБ (АА) - Силите лојални на режимот на сирискиот претседател, Башар ал Асад, и руските сили продолжуваат да извршуваат напади на населбите во зоната на деескалација на судирите. Во режимските воздушни напади загинаа двајца цивили, а шест се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Опозицискиот опсерваториум за воздушен простор соопшти дека силите лојални на режимот на Асад од утринава извршуваат напади на подрачјата во зоната на деескалација на судирите во Идлиб.
Исто така, опсерваториумот тврди дека руските авиони извршиле напад на Хан Шејхун.
Припадниците на Цивилната заштита (Бели шлемови), тврдат дека во режимските напади на Марет ал Нуман биле ранети двајца цивили, додека во Ариха загинале двајца, а четворица се ранети.
Во воздушните напади кои режимските сили и Русија пред два дена ги извршија врз Серакиб и Марет ал Нуман загинаа 50 цивили.
Во Идлиб, како тврдина на сириската опозиција, живеат околу четири милиони жители и интерно раселени кои се цел на постојаните режимски напади.
Со посредство на Турција и Русија во Сочи, на 17 септември 2018 година, е постигнат договор за примирје во Идлиб и воспоставување деескалациска зона за цивилите.
Од септември минатата година и прогласувањето на примирјето, во тој регион се раселени повеќе од половина милион лица.
Припадниците на Сириската мрежа за човекови права претходно соопштија дека во нападите врз деескалациската зона на судирите во Идлиб, што режимските сили и сојузниците ги извршиле од 26 април до 12 јули, загинале 606 цивили, од кои 157 малолетници и 111 жени.