Ahmet Karaahmet,Ethem Emre Özcan,Mehmet Burak Karacaoğlu
20 Октомври 2020•Ажурирај: 21 Октомври 2020
ИДЛИБ/АНКАРА (АА) - АХМЕТ КАРААХМЕТ/ЕТЕМ ЕМРЕ ОЗЏАН -
Режимот на Башар ал Асад, кој не е во состојба да ги исполни основните потреби на луѓето во регионите што ги контролира во Сирија, од неодамна не може да ја спречи кризата со недостиг на леб, пишува Агенција Анадолија (АА).
Во тековната Граѓанска војна во Сирија, режимот на Асад ги потроши сите заштеди на земјата во војната против народот. Сега режимот се соочува со тешкотии во исполнувањето на основните потреби на луѓето во регионите што ги контролира.
Освен кризата со горивото, која трае подолго време во овие региони, сега на виделина излегоа и други кризи.
Кризата со лебот, која вообичаено е присутна во регионот, во последните две недели се продлабочи и стана искушение за жителите во регионот.
Некои пекарници во главниот град Дамаск, во Алепо, Хомс и Хама поради кризата со гориво веќе стигнаа до точка да не можат да произведуваат леб.
Режимот на Асад, кој се обидува да ја задржи својата моќ убивајќи стотици илјади цивили неистомисленици, во моментот не може да ги снабдува со брашно регионите што ги контролира.
Семејствата во регионот што го контролира режимот со часови чекаат во долгите редици пред пекарниците за да донесат леб во своите домови.
Сирија пред Граѓанската војна беше меѓу земјите што извезуваа пченица.
- Обидите на режимот за решавање на кризата уште повеќе ја влошија оваа состојба -
Режимот на Асад, кој доживеа економски колапс, ја ограничи бројката на леб што граѓаните можат да ја купат за да се избегнат тешкотиите со кои се соочуваат пекарниците во снабдувањето со брашно.
Режимот го направи првиот чекор во оваа насока во септември. Воведоа систем за електронски картички што треба да се користи за купување леб во пекарниците.
По одлуката за картичка, сирискиот леб во пакети почна да се продава на црниот пазар.
Незадоволен од ова, режимот пред две недели го намали бројот на леб во пакетот од 12 на 7. Тоа пак предизвика нова криза.
Пакетот леб, кој вообичаено се продава за 200 сириски лири (0,075 евра), на црниот пазар започна да се продава трипати поскапо.
Семејствата кои не можеа да си дозволат да купат леб на црниот пазар, пред пекарниците формираа долги редици.
Во регионите што се под контрола на режимот на Асад, семејствата поради високите цени и влошените услови се борат да преживеат. Семејствата очајно чекаат проблемот да се реши што поскоро.
Во Сирија државен службеник прима просечна плата од 50 илјади сириски лири (18,8 евра).
- АА ги сними долгите редици за леб -
Новинарите на АА ја снимија кризата со лебот во центрите на градот Алепо и Хама, кои се контролирани од страна на режимот.
На снимките се забележува дека многу млади луѓе, стари лица, деца и жени чекаат во долги редови за да можат да купат леб.