свет

Сирија: Во последните 11 недели убиени 606 цивили

Сириската мрежа за човекови права (СНХР) соопшти дека 606 цивили го загубиле својот живот при нападите на силите на Башар ал Асад и неговиот поддржувач, Русија, од 26 април до денес во деескалационата зона во Идлиб

Adham Kako  | 12.07.2019 - Обновена : 13.07.2019
Сирија: Во последните 11 недели убиени 606 цивили

АНКАРА (АА) - Сириската мрежа за човекови права (СНХР) соопшти дека 606 цивили го загубиле својот живот при нападите на силите на Башар ал Асад и неговиот поддржувач, Русија, од 26 април до денес во деескалационата зона во Идлиб, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според извештајот, при нападите на силите на режимот и Русија во деескалационата зона во Идлиб од 26 април до денес животот го загубиле 606 цивили, од кои 157 деца и 111 жени.

Силите на режимот во тој период убиле 521 цивил, од кои 136 деца и 97 жени. Од друга страна, во нападите на Русија, поддржувач на режимот, животот го загубиле вкупно 85 цивили, од кои 21 дете и 14 жени.

- 294 напади врз цивилните животни центри

Во извештајот се вклучени и нападите врз многу други места, како што се образовните институции, здравствените установи, патиштата, парковите, пазарите, музеите и камповите.

Според тоа, во наведениот период цивилните животни центри биле цел на вкупно 294 напади. Од нив, училиштата биле нападнати 87 пати, центрите за молитви 62, здравствените центри 43 и Центарот за граѓанска одбрана (Бели шлемови) 30 пати.

- Режимот употреби околу две илјади барел-бомби

Во извештајот, исто така, се соопштува дека силите на режимот при нападите употребиле 1995 барел-бомби.

Во делот за препораки во извештајот, од Русија и режимот се бара да ги прекинат нападите и се повикува да се заштитат цивилите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın