свет

Грција го призна Гваидо за претседател на Венецуела

„Грција, во рамките на заедничката позиција со Европската Унија (ЕУ), претседателот на Националното собрание, Хуан Гваидо, го призна како претседател на Венецуела“, се вели во соопштението

Furkan Naci Top  | 12.07.2019 - Обновена : 13.07.2019
Грција го призна Гваидо за претседател на Венецуела

АТИНА (АА) - Грчкото Министерство за надворешни работи соопшти дека го признаваат Хуан Гваидо за претседател на Венецуела, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението од Министерството се нагласува: „Грција, во рамките на заедничката позиција со Европската Унија (ЕУ), претседателот на Националното собрание, Хуан Гваидо, го призна како претседател на Венецуела.“

Во изјавата се повикува на политичко, мирно и демократско решение на кризата во Венецуела и дека се поддржуваат напорите на ЕУ за решение на кризата. 

- Настаните во Венецуела

Тензиите ескалираа кога Хуан Гваидо, претседателот на Народното собрание на Венецуела, на 23 јануари се самопрогласи за вршител на должноста претседател.

На 30 април, Гваидо и поранешниот партиски лидер, Леополдо Лопес, кој беше во домашен притвор, со група војници ги повикаа граѓаните да излезат на улиците за да ја соборат Владата на Мадуро.

По овие повици, опозицијата во многу градови излезе на улица, а протестите подоцна во некои региони се претворија во насилни.

Некои пратеници беа уапсени како резултат на истрагите иницирани по настаните, а другите избегаа во амбасадите на европските и регионалните земји.

Овој потег на Гваидо беше поддржан од Соединетите Американски Држави (САД) и многу европски и латиноамерикански држави. Турција, Русија, Кина, Иран, Боливија и Мексико го поддржаа Мадуро.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın