Kerem Kocalar
11 Мај 2017•Ажурирај: 11 Мај 2017
ГАЗИАНТЕП (АА) - Најмалку 38.000 сириски бегалци се вратија во Џарабулус, на сириско-турската граница, кој за време на офанзивата „Штитот на Еуфрат“ во потполност беше расчистен од терористите на ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Во тек е враќањето на Сиријците што бегајќи од војната во Сирија, која трае веќе шест години, пронајдоа спас во соседна Турција. Секојдневно во Џарабулус се враќаат околу 200 лица. Меѓу нив има голем број жени и деца кои со торби во рацете се враќаат на своите огништа.
Со цел да се неутрализираат терористичките закани во пограничниот појас, да се поддржат коалициските сили и да се деблокираат коридорите за хуманитарна помош, турските безбедносни сили на 24. август минатата година, во северниот дел на Сирија ја започнаа операцијата „Штитот на Еуфрат“, која на теренот ја спроведуваат силите на сириската опозиција, а турската војска и понатаму дава поддршка на артилеријата и на воздушните напади.