Ekipa
19 Февруари 2018•Ажурирај: 20 Февруари 2018
ИСТОЧНА ГУТА/АНКАРА (АА) - Во денешните напади на силите на режимот врз Источна Гута загинаа 58 цивили, а повредени се 45, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Цивилната заштита на Источна Гута соопштија дека меѓу жртвите има жени и деца.
Според податоците до кои дојде репортерот на АА, Асадовите сили од утринските часови вршат воздушни и копнени напади врз Дума, Хареста, Хамурије, Мисраба, Марџ, Сакба, Џисрин, Кафр Батна, Еин Терма и Шифоније, кои припаѓаат на Источна Гута.
Само во воздушниот напад врз Хамурије загинаа 20 цивили, меѓу кои и жени и деца.
Во Источна Гута, која е под контрола на опозицијата, живеат околу 400.000 цивили. Ова подрачје со договорот во Астана беше прогласено за зона без судири. И покрај тоа, припадниците на режимот на Асад, чија земја-гарант е Русија, од април минатата година ја интензивираа опсадата, а во последните неколку месеци и нападите.
Хуманитарната криза во источниот дел на Гута се зголемува од ден на ден, а на илјадници цивили им е потребна евакуација. Повеќето цивили кои имаат потреба од итна евакуација се деца и лица заболени од карцином, чија болест е во понапредна фаза. Покрај тоа, многу деца во Источна Гута починаа од глад и поради неможноста да добијат соодветно лечење.