Ekipa
07 Април 2019•Ажурирај: 08 Април 2019
ИДЛИБ (АА) - Во нападите на силите на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад врз населени места во рамки на зоната без судири во Идлиб, загинаа најмалку 11, а повредени се над 40 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Режимските сили кои ги сочинуваат војската на режимот и терористичките групи поддржани од Иран, изведоа напади врз Марат ал Нуман, Саракиб и Кафранбел, Марат Херма, Ал Хувејн, Тел Менис и Ал Најраб во Идлиб, потоа во Кафр Зита во Хама, како и врз Ал Хавиз, Ал Хувејџа, Ал Шарија и Мадик, во долината Габ.
Припадниците на Цивилната заштита соопштија дека во Ал Најраб животот го загубиле седум лица, додека еден цивил загинал во Ал Хувејн. Ранети се над 24 цивили.
Во нападите врз Саракиб загинаа тројца цивили. Најмалку 16 лица се ранети.
Заедно со овие жртви, вкупниот број загинати цивили се зголеми на 11, а повредени се над 40.
Во нападите на силите на Асад и од групите поддржани од Иран и руските сили, извршени во месец март во зоната без судири во Идлиб, загинаа 135 цивили.
Силите на режимот, и покрај Договорот од Сочи, кој го потпишаа Турција и Русија на 17 септември 2018 година, со цел воспоставување прекин на огнот во споменатата зона, продолжуваат да вршат напади. Во рамките на Договорот од Астана, Русија, како земја гарант од страна на Асадовиот режим, има обврска да ги спречи режиските напади.