Muhammed Temim Hocaoğlu,Mohamad Misto
22 Ноември 2020•Ажурирај: 23 Ноември 2020
АНКАРА
Во последните две години силите на сирискиот претседател Башар ал Асад измачувале, а потоа убиле 98 лица кршејќи го на тој начин договорот од Дера, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите кои дописникот на Агенција Анадолија (АА) ги доби од локалните извори, Асадовиот режим измачувал и убил многумина луѓе кои претстојувале во Дера и кои барале амнестија врз основа на договорот.
Меѓу оние кои биле измачувани се и околу 40 поранешни војници кои ја напуштиле сириската војска кога започнала граѓанската војна.
Некои локални медиуми наведуваат дека во саботата е погубен поранешниот полицаец Муаз Ата Ел-Самиди, кој се обрати на режимот за амнестија. Од неговто семејство е побарано да го земе неговото тело.
Самиди ги напуштил режимските сили во 2012 година.
Припадниците на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и неговите сојузници со руска значителна поддршка на 20 јуни во 2018 година покрена воена операција врз Дера. Русија и опозицијата на 6 јули истата година постигнале договор за трајно примирје со кое се опфатени подрачјата на југот на земјата.
Во договорот е наведена и ставка руските и режимските сили да овозможат миграции од Дера кон подрачјата на северот на земјата.
По договорот за примирје, режимските сили и сојузниците воспоставиле контрола на над 85 отсто на границата со Јордан.
Дера и Кунејтра, на состанокот во Астана одржан во мај 2017 година се прогласени за една од четири деескалациски зони. Русија, САД и Јордан, два месеци подоцна Дера и Кунејтра ги сврстија во посебен договор.