22 Ноември 2020•Ажурирај: 23 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека Турција е единствена земја членка на НАТО која лице в лице се бори против терористичката организација ДЕАШ во Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган преку видео-конференција учествуваше на Самитот на лидерите на Г20 (G20) одржан во рамки на претседавањето на Саудиска Арабија, каде говореше за различни актуелни теми.
Турскиот претседател се осврна на пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), нагласувајќи дека оваа пандемија уште повеќе ги продлабочува проблемите, пред се сиромаштијата и нееднаквоста.
Тој говореше и за бегалците кои ги згрижува Турција, нагласувајќи дека Турција е земја која згрижила најголем број бегалци во светот во последните шест години.
„Треба да ги зајакнување финансиските извори на хуманитарните помоши кон зоните погодени од војна и кон заедниците кои се под ризик“, додаде тој.
Турскиот претседател се осврна на борбата на Турција против терористичката организација ДЕАШ, и рече: „Ние сме единствена земја членка на НАТО која лице в лице се бори против ДЕАШ во Сирија“.
Исто така, тој рече дека неговата земја прави се што е можно за елиминирање на терористичката закана, за спречување на споровите и за зајакнување на стабилноста.
„И покрај што сме оставени сами, досега фативме околу 9.000 странски терористички борци и ги депортиравме во нивните земји“, додаде Ердоган.
Меѓу другото, Ердоган нагласи дека неговата земја активно дава придонес во борбата против климатските промени.
„Додека се води борба против загадувањето на животната средина и против климатските промени, не треба да се дозволат појавување на нови неправди и нови двојни стандарди“, рече Ердоган.
Турскиот претседател истакна дека нема шанси да биде успешен еден систем кој не му служи на човекот, не му дава спокојство и вредност на човекот, и кој не осигурува правда и безбедност.