свет

Сириските племенски сили ги ослободија нафтените и гасните полиња источно од Еуфрат од терористите на ЈПГ/СДФ

Племенските групи кои дејствуваат источно од Еуфрат, со поддршка на засилувања пристигнати од западниот брег на реката, презедоа контрола врз нафтеното поле Ал-Омар и гасното поле Коник

Rania R.a. Abushamala  | 19.01.2026 - Обновена : 19.01.2026
Сириските племенски сили ги ослободија нафтените и гасните полиња источно од Еуфрат од терористите на ЈПГ/СДФ

ДЕИР ЕЗ-ЗОР(AA) – Племенските сили во сириската покраина Деир ез-Зор, источно од реката Еуфрат, ослободија област со клучни нафтени и полиња со природен гас од терористичката организација ЈПГ/СДФ, јавува Анадолу.

Племенските групи кои дејствуваат источно од Еуфрат, со поддршка на засилувања пристигнати од западниот брег на реката, презедоа контрола врз нафтеното поле Ал-Омар и гасното поле Конико, соопшти вчера екипата на Анадолу од Деир ез-Зор.

Во регионот се појави безбедносен вакуум по повлекувањето на американските сили, кои претходно ги користеа овие полиња како воени бази.

Во текот на напредувањето против терористичката организација источно од Еуфрат, племенските сили воспоставија контрола и врз повеќе градови и села, меѓу кои Шехил, Ал-Хаваиџ, Зибан, Тајјане, Абу Хамам, Хатла, Гараниж, Багуз, Сусах и Шафех, наведуваат локални извори.

Сириската арапска новинска агенција (САНА) емитуваше снимки од кружниот тек Ал-Халабијa, лоциран во руралниот дел на Деир ез-Зор во источна Сирија, по повлекувањето на силите на ЈПГ/СДФ од областа.

Агенцијата го опиша кружниот тек како „клучна точка и главен сообраќаен јазол што ги поврзува источните, западните и северните рурални делови на Деир ез-Зор“.

САНА, исто така, објави снимки од повеќе локации на кои биле распоредени силите на СДФ, вклучително и контролниот пункт Хатла и мостот Ал-Муалак во руралниот дел на Деир ез-Зор.

Дополнително, агенцијата објави снимки и од затворот Ал-Табка, откако сириската армија и силите за внатрешна безбедност воспоставија контрола врз објектот, кој се наоѓа западно од покраината Рака, во североисточна Сирија.

Претходно, Командата за операции на армијата соопшти дека е воспоставена целосна контрола врз воениот аеродром Ал-Табка.

Во меѓувреме, САНА јави и за распоредување на сили за внатрешна безбедност во селото Ал-Хусеинија, во западниот рурален дел на Деир ез-Зор.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın