свет

Сирискиот режим и Русија продолжуваат со напади во Идлиб

Според информациите добиени од извори на Цивилната одбрана, во артилериските напади на режимот во Кеферум загина едно лице, додека во Кефренбил загинаа двајца цивили

Burak Karacaoğlu, Eşref Musa, Adham Kako  | 13.09.2019 - Обновена : 15.09.2019
Сирискиот режим и Русија продолжуваат со напади во Идлиб

ИДЛИБ (АА) - Во нападите на Асадовиот режим извршени во градот Идлиб кој се наоѓа во северозападниот дел на Сирија, смртно настрадаа 3 цивили, пренесува Anadolu Agency (AA).

Асадовиот режим во синоќешните часови изврши воздушни и копнени напади во местата Кефренбил, Кеферум, Сирџе, Хас, Шинан, Марзита, кои се наоѓаат во Идлиб.

Според информациите добиени од извори на Цивилната одбрана, во артилериските напади на режимот во Кеферум загина едно лице, додека во Кефренбил загинаа двајца цивили.

Исто така, воените авиони на Русија која е поддржувач на режимот, синоќа извршија воздушни напади во Ајната, Бинин и Шинан во Идлиб.

По 12 дена, режимот и неговиот поддржувач Русија, повторно почнаа со воздушни напади врз цивилни населени места.

Во вчерашните напади загинаа двајца цивили, од кои едно дете.

Во нападите на режимот и Русија извршени од 17 септември 2018 година кога беше потпишан Договорот меѓу Турција и Русија, досега во зоната за деескалација во Идлиб животот го загубија 1.282 цивили, од кои 219 жени и 341 дете.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın