Ömer Koparan,Ethem Emre Özcan
04 Декември 2020•Ажурирај: 05 Декември 2020
АЗАЗ (АА) - Сириската национална војска (СНВ) со церемонија ја отвори својата прва касарна во подрачјето на Азаз, во северниот дел на Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Со церемонија во градот Азаз е отворена првата касарна. Касарната ќе го носи името „Јасир ебу еш Шејх“, загинат војник на специјалните единици на дивизијата Хамза, една од компонентите на Сириската национална војска.
Касарната ќе служи и како факултет за воена обука. Ја има потребната опрема за престој и обука на војниците на Сириската национална војска.
На отворањето присуствуваа претседателот на сириската привремена Влада, Абдурахман Мустафа, министерот за одбрана на сириската привремена Влада и началникот на Генералштабот, Селим Идрис, и командантите на Националната војска.
По сечењето на лентата, положен е венец на споменикот на загинатите војници, а потоа беше одржана воена парада.
На церемонијата присуствуваа и децата на Јасир ебу еш Шејх.
Во својот воведен говор, командантот на специјалните единици на дивизијата Хамза, Сејф ебу Бекир, им се заблагодари на учесниците.