Adam Abu-bashal
04 Декември 2020•Ажурирај: 04 Декември 2020
АБУЏА
Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент достигна речиси 2 милиони и 230 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на континентот дијагностицирани се 15.691 нови случаи на Ковид-19.
Со тоа, вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот во Африка се искачи на 2.230.391.
Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 267 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 52.937.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (21.803), по која следуваат Мароко (5.063) и Египет (6.713).
Во Еритреја и на Сејшелските Острови досега не се регистрирани смртни случаи предизвикани од Ковид-19.
Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (800.872), по која следуваат Мароко (368.624) и Египет (117.156).
Во Африка од коронавирусот досега оздравеле вкупно 1.891.336 лицa.