Islam Uddin
02 Октомври 2024•Ажурирај: 02 Октомври 2024
МАНИЛА (АА) - Силни земјотреси со интензитет од 6,6 и 6 степени денес ги потресоа Тонга и Филипини, објави Американскиот геолошки завод, известува Анадолу.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, со епицентар на околу 154 километри од Неиафу Тонга.
Земјотрес со интензитет од 6 степени според Рихтеровата скала го потресе регионот Лузон на Филипини.
Засега нема информации за човечки загуби и евентуална материјална штета по земјотресите.
Освен тоа, земјотрес со магнитуда од 6,1 степен го потресе и градот Баубау во југоисточната провинција Сулавеси во Индонезија.