Ekip
13 Декември 2021•Ажурирај: 14 Декември 2021
ДЕИР ЕЗ ЗОР
Силите на коалицијата предводени од Соединетите Американски Држави (САД) рано утрово спроведоа воздушна операција во градот Ал Бусарја во источната сириска провинција Деир ез Зор, кажаа локални извори за Агенција Анадолија (АА).
Градот Ал Бусарја е под контрола на терористичката група ЈПГ/ПКК .
Изворите рекоа дека коалициските воени авиони летале во зори на небото над Ал Бусарја и исфрлиле десетици војници во градот.
„По слетувањето во градот се слушале звуци од пукање што траело еден час“, додаваат изворите.
Новинската агенција на сирискиот режим САНА соопшти дека силите на коалицијата киднапирале голем број цивили за време на операцијата.
Меѓународната коалиција интервенираше во Сирија од крајот на 2014 година и често спроведуваше воени операции и рации во градовите и населените места во источна Сирија, гонејќи ги членовите на ДЕАШ.