Mahmut Atanur
01 Декември 2018•Ажурирај: 02 Декември 2018
ЏАКАРТА (АА) - Земјотрес со јачина од 6,5 степени по Рихтер ја потресе Индонезија, јавува Anadolu Agency (AA).
Индонезискиот Завод за метеорологија, клима и геофизика (BMKG) соопшти дека епицентарот е регистриран на јужниот дел од островот Малуку на источниот дел на земјата, и тоа на длабочина од околу 162 километри.
Според првичните информации, нема пријавено никакви загуби, ниту е издадено предупредувње за цунами.
Земјотресот, со јачина од 7,5 степени по Рихтер, го погоди индонезискиот остров Сулавеси на 28 септември, а градовите Палу и Донгала потоа ги погоди и цунамито, чии бранови достигнаа висина меѓу три и шест метри.
Од последиците од разорниот земјотрес и цунамито што следуваше по него, на индонезискиот остров Сулавеси загинаа 2.256 лица.
И во 2004 година, Индонезија ја потресе разорен земјотрес, со јачина од 9,1 степен кој предизвика и цунами, а загинаа околу 230.000 лица.