İlkay Güder,Enes Kaplan
01 Декември 2018•Ажурирај: 01 Декември 2018
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Заврши состанокот меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин, кој беше одржан во рамките на Самитот Г20 во Аргентина, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот претседател пред состанокот изрази уверување дека постојат уште различни чекори кои е потребно да бидат преземени. Состанокот на Ердоган и Путин беше затворен за медиумите.
Ердоган пред состанокот му се заблагодари на рускиот колега и изрази задоволство што се состанале во рамките на Самитот Г20.
Како што изјави, од големо значење се разговорите за гасоводот „Турски тек“, како и за Самитот во Истанбул, кој се однесуваше на Идлиб.
Путин изрази задоволство од состанокот со Ердоган. Како што изјави, тие имаа можност, по состанокот во Истанбул да се состанат и во Аргентина.
Рускиот претседател изјави дека се продолжува соработката и односите на двете земји во различни области. Нагласи дека постои стабилен раст на трговските односи на двете земји.
На средината на ноември Ердоган и Путин присуствуваа на церемонијата по повод завршувањето на изградбата на подморскиот дел на гасоводот „Турски тек“.
„Постои постојан пораст на трговските односи меѓу нас. Тоа го видовме и минатата, и оваа година“, додаде Путин.
Состанокот траеше околу 40 минути. Првиот ден од Самитот Г20, кој започна вчера, а на кој се собраа челниците на најсилните економии на светот, го обележаа трговските договори и протести.