Handan Kazancı
16 Јуни 2023•Ажурирај: 19 Јуни 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Според информациите објавени од американскиот Геолошки завод, силен земјотрес со магнитуда од 7,2 степени според Рихтеровата скала синоќа го потресе Фиџи, архипелашка држава што се состои од над 300 острови во јужниот Пацифик, пренесува Анадолу.
Земјотресот се случил на длабочина од 167 километри.
Нема извештаи за загинати или за предизвикана материјална штета.