Mahmoud Barakat
02 Мај 2018•Ажурирај: 02 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Силен земјотрес со магнитуда од 5,2 степени го погоди утринава југозападниот дел на Иран, пренсува Anadolu Agency (AA).
Центарот за сеизмологија при Универзитетот во Техеран соопшти дека земјотресот се случил во 08:38 часот по локално време, на околу 700 километри јужно од главниот град Техеран.
Епицентарот на земјотресот е регистриран недалку од градот Сисахт.
Сè уште не е издадено официјално соопштение за тоа дали има повредени или мртви во земјотресот.
Во Иран често се случуваат земјотреси, вклучувајќи го и минатогодишниот земјотрес со магнитуда од 7,2 степени, во кој загинаа 600 лица.