Derya Gülnaz Özcan
12 Октомври 2021•Ажурирај: 13 Октомври 2021
АТИНА (АА) - Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди денес најголемиот грчки остров Крит, јавува Агенција Анадолија (АА).
Атинскиот геодинамички институт соопшти дека земјотресот бил регистриран на длабочина од 8,2 километри во 12:24 часот по локално време.
Засега нема информации дали има жртви или предизвикана материјална штета во земјотресот.