Saadet Firdevs Aparı
12 Октомври 2021•Ажурирај: 13 Октомври 2021
АНКАРА (АА) - Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун уште еднаш ги критикуваше Соединетите Американски Држави (САД) и рече дека неговата земја ќе ги зголеми воените способности против „непријателските сили“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според новинската агенција „Јонхап“, Ким во своето обраќање на изложбата за развој на одбраната рече дека зголемувањето на одбранбените способности немаат цел војна против Вашингтон или Сеул.
Ким истакна дека не е лесно да се реши тековната напнатост со Јужна Кореја поради американското присуство во регионот.
Обвинувајќи ја Јужна Кореја дека користи „двојни стандарди“ против неговата земја, нарекувајќи ја „лицемерна“, Ким рече дека Пјонгјанг ќе одговори доколку Сеул продолжи да ги „крши нивните права за самоодбрана“.
Тој истакнува дека зголемувањето на воените способности не значи дека Сеул ќе биде цел. „Нашиот непријател е самата војна, а не одредена земја или сили како што се Јужна Кореја и Соединетите Американски Држави. Сепак, нашите надворешни напори за мир во никој случај не значат откажување од нашите права за самоодбрана.“
Северна Кореја тестираше проектили четирипати во изминатиот месец.
САД и Јужна Кореја годишните заеднички вежби ги одржаа во август. Тоа наиде на реакција од Северна Кореја.
Владата на Северна Кореја одлучи да ги прекине каналите за комуникација со Јужна Кореја во 2020 година бидејќи не се презедоа мерки на претпазливост против јужнокорејските активисти кои испраќаат протестни летоци до севернокорејската граница.
Прекинатите комуникациски канали меѓу Северна и Јужна Кореја по една година се повторно отворени кон крајот на јули.