Ahmet Karaahmet,Mehmet Burak Karacaoğlu
13 Август 2024•Ажурирај: 14 Август 2024
ХАМА (АА) - Земјотресот што се случи во сирискиот град Хама предизвика паника кај локалните жители, јавува Анадолу.
Како што објави Управата за катастрофи и управување со вонредни состојби (АФАД), измерена е магнитуда на земјотресот од 5,2 степени според Рихтеровата скала.
Жителите на Хама и околните места излегоа од своите домови и извесно време поминаа на улица.
Во земјотресот не се регистрирани жртви, а на некои места дојде и до прекин на електричната енергија.
Хама е град на бреговите на реката Оронтес во западноцентрална Сирија.