свет

СЗО: Околу 50 милиони луѓе во светот страдаат од деменција

Се претпоставува дека тој број до 2030 година ќе биде зголемен на 83 милиони, а до 2050 година на 152

Zuhal Demirci  | 20.09.2018 - Обновена : 22.09.2018
СЗО: Околу 50 милиони луѓе во светот страдаат од деменција

Ankara

АНКАРА (АА) - ЗЕХАЛ ДЕМИРЏИ -

Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека 50 милиони луѓе во светот страдаат од деменција и дека таа бројка до 2050 година ќе се зголеми на 152 милиони, пренесува Anadolu Agency (AA).

Деменцијата е синдром кој не е нормален дел од стареењето. Се работи за поим кој се користи за опис на пореметувањето на работата на мозокот, кој го напаѓа помнењето и однесувањето на лицето. Се развива постепено, со време состојбата се влошува, па во почетокот и не може да се препознае. Претежно погодени се лицата постари од 60 години.

Најчеста причина за деменција се Алцхајмеровата болест, која опфаќа 50 до 60 отсто од сите деменции. Алцхајмеровата деменција го добила името по германскиот невролог Алоис Алцхајмер, кој во 1907 година прв пат опишал болна жена на возраст од 51 година, која ги покажувала симптомите на овие видови деменција. Болеста ја уништува меморијата и другите важни ментални функции и доведува до губење на интелектуалните и социјалните вештини.

По повод 21 септември - Светскиот ден на Алцхајмерова болест од Светската здравствена организација објавија извештај во кој наведуваат дека од деменција страдаат околу 50 милиони луѓе во светот. Се претпоставува дека тој број до 2030 година ќе биде зголемен на 83 милиони, а до 2050 година на 152.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın