Ali H. M.Abo Rezeg
28 Јануари 2018•Ажурирај: 29 Јануари 2018
АДЕН (АА) - Сепаратистите во јужниот дел на Јемен зазедоа седиште на јеменската влада во пристанишниот град Аден, пренесува Anadolu Agency (AA).
Неименуван извор на АА јавува дека силите лојални на Јужниот транзициски совет (STC) денес зазеле седиште на јеменската влада во Аден по жестоки судири.
Истиот извор јавува дека сепаратистите ја зазеле и базата на 3. Бригада на претседателската гарда во Аден и дека во судирите страдале повеќе десетици лица од двете страни.
Од друга страна, провладини извори јавуваат дека базата и понатаму е под контрола на претседателската гарда, но не го коментираа случајот поврзан со заземањето на седиштето на владата.
Сепаратистите од јужниот дел на Јемен бараат оставка на актуелниот премиер Ахмед бин Дагхр и го обвинуваат дека земјата ја води во пропаст.
Јемен е средиште на длабока политичка и безбедносна криза, која кон крајот на 2014 година ескалираше во граѓанска војна кога бунтовниците, предводени од шиитското движење на Хусите, го зазедоа главниот јеменски град Сана, а потоа и други региони.
Судирите во Јемен дополнително ескалираа во 2015 година, кога Саудиска Арабија со своите арапски сојузници започнаа воздушна кампања со цел враќање на придобивките на Хусите во Јемен.