Dmitri Chirciu
29 Март 2022•Ажурирај: 30 Март 2022
ЛУГАНСК (АА) – Село во украинскиот сепаратистички регион Луганск сведочи за тековната руска војна, јавува Агенција Анадолија (АА).
Селото Трохизбенка, што е на околу 60 километри од регионалниот центар, беше заземено од руската Армија и сепаратистите на вториот ден од војната.

Селото со 3.000 жители дојде на работ на хуманитарна криза. За време на судирите беа оштетени мост и друга инфраструктура.
Кога украинските војници се повлекуваа од селото, тие ги оставија зад себе својата муниција и стратешките документи, како и рововите што ги ископаа.
Во областа Луганск е донесена воена опрема на украинската Армија, запленета од руските воени сили.

Оружјето вклучува оклопни возила, тенкови, повеќецевни ракетни фрлачи и противтенковски пушки. Оружјето ќе им биде дадено на сепаратистите поддржани од Русија во Луганск.
На 24 февруари, рускиот претседател Владимир Путин најави „специјална воена операција“ во Донбас, источна Украина, но таа постепено се прелеа во остатокот од земјата.

Пркосејќи им на заканите за санкции од Западот, Москва официјално ги призна енклавите Доњецк и Луганск во Донбас како независни држави пред да започне војна против Украина.
Најмалку 1.151 цивил се убиени и 1.824 се повредени во Украина откако Русија започна војна со својот сосед на 24 февруари, според ОН, кои велат дека вистинската бројка е веројатно многу поголема.
Повеќе од 3,86 милиони Украинци побегнале во соседните земји, а уште милиони се раселени во земјата, според Агенцијата за бегалци на ОН.