Riyaz Khaliq Khaliq,Islam Uddin
05 Јануари 2022•Ажурирај: 06 Јануари 2022
АНКАРА
Северна Кореја испука балистичка ракета кон Источното Море, прва во оваа година, соопшти Заедничкиот генералштаб на Јужна Кореја (JCS), пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Генералштабот објави дека проектилот бил испукан утринава од копнената платформа во правец на исток“, пренесе новинската агенција „Јонхап“.
„За дополнителни информации разузнавачките служби на Јужна Кореја и САД вршат детална анализа“, соопшти Заедничкиот генералштаб.
Ова е прв ракетен тест на Северна Кореја во новата година, откако Пјонгјанг ја истрела последната балистичка ракета од подморница во октомври минатата година.
По новото ракетно тестирање, јужнокорејскиот претседател Мун Џае-Ин ја повика Северна Кореја да вложи напори за дијалог за надминување на актуелната ситуација во регионот.
„Утринава Северна Кореја изврши неидентификуван ракетен тест со краток дострел. Поради тоа постои загриженост дека тензиите може да се зголемат и дека застојот во меѓукорејските односи може да се продлабочи“, рече Мун.
Минатата година Северна Кореја ја изврши својата осма нуклеарна проба, бидејќи Пјонгјанг се спротивставува на она што го гледа како „непријателска политика“ на САД и Јужна Кореја.