Tuğba Altun
08 Ноември 2022•Ажурирај: 09 Ноември 2022
АНКАРА (АА) - Северна Кореја тврди дека тестирањата на балистичките ракети ги извршила за „одбранбени цели“ поради провокацијата на Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на Глобалната телевизиска мрежа на Кина (CGTN), Ким Сон Гјонг, заменикот министер за надворешни работи на Северна Кореја задолжен за меѓународни организации, ги осудил критиките на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, против тестирањата.
Ким, критиките на Гутереш против Северна Кореја ги опиша како „нефер и пристрасни“, и рече дека тестирањата на балистичките ракети се извршени за „одбранбени цели“ против провокацијата на САД.
Меѓу другото, Гутереш ги осуди тестирањата извршени на 4 ноември од страна на Северна Кореја, и нагласи дека треба да се избегнат дополнителни провокативни обиди.
Од друга страна, Ким ги отфрли и тврдењата дека на Русија ѝ обезбедиле поддршка во оружје, и рече дека и во иднина немаат такви планови.
САД тврдеа дека Северна Кореја обезбедила голем број артилериски гранати за Русија со цел да бидат користени во Украина.
Пјонгјанг од 2 до 5 ноември лансира над 80 проектили и изврши воздухопловна вежба како одговор против шестдневната заедничка воена вежба на Јужна Кореја и САД.
Меѓу другото, Јужна Кореја и САД сметаат дека Пјонгјанг врши техничка подготовка за тестирање на нуклеарни проектили.