Lokman İlhan
16 Мај 2019•Ажурирај: 17 Мај 2019
КАРАКАС (АА) – Во Венецуела, која со месеци се наоѓа во политичка криза, се тврди дека Владата на Венецуела и опозицијата воспоставиле дијалог, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според интернет-сајтот „Alnavio“, Владата и опозицијата, кои од почетокот на кризата немаат никакви контакти, по предлогот на Норвешка за посредување, заминале за Осло.
И покрај тврдењата дека делегациите се сретнале двапати, сѐ уште нема никакви изјави од двете страни дека имало контакти.
Во преговарачките делегации од страна на Владата се наоѓаат заменикот-министер за комуникации, култура и туризам, Хорхе Родригез и гувернерот на Миранда, Хектор Родригез.
Опозицијата, пак, е претставена од поранешните пратеници Херардо Блиде и Фернандо Мартинез и поранешниот министер Карлос Андрес Перез. Во случај, во преговорите да се постигне напредок, во делегацијата на опозицијата ќе се вклучи вториот заменик-претседател на Националното собрание, Сталин Гонзалес.
- Венецуела со месеци се наоѓа во политичка криза
Во Венецуела, која се месеци се наоѓа во политичка криза, во раните утрински часови на 30 април опозицијата се обиде да изврши државен и цивилен удар, но не беше успешен.
Хуан Гваидо и опозицискиот лидер Леополдо Лопез, кој беше пуштен од домашен притвор, заедно со група војници на мостот „Алтамире“, спроти воздухопловната база „Ла Карлота“ во Каракас го повикаа народот да излезе на улица за да го соборат претседателот Николас Мадуро.
По тој повик опозицијата излезе на улица во голем број градови во Венецуела. Протестите подоцна се претворија во насилни, особено околу „Ла Карлота“ во Каракас.
Поддржувачите на Мадуро, исто така, се собраа пред претседателската палата „Мирафлорес“. На крајот на денот, Лопез најпрвин избега во Амбасадата на Чиле, потоа замина во шпанската Амбасада. Гваидо, пак, се појави со 3-минутното видео и повторно го повика народот да излезе на улица.
Претседателот на Собранието, Хуан Гваидо, на 23 јануари се самопрогласи за претседател на државата, беше поддржан од латиноамериканските и западните земји на чело со САД.