Zehra Ulucak
01 Октомври 2019•Ажурирај: 02 Октомври 2019
АНКАРА
Во индиската сојузна држава Гуџарат, во периодот на интензивните врнежи од дожд се преврте патнички автобус. Во несреќата животот го загубија 21 лице, а повеќе од 50 лица се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Индиските медиуми пишуваат дека во близина на градот Абажи, кој се наоѓа на подрачјето на Банасканта, во планинскиот предел Тришул, синоќа се превртел патнички автобус со приближно 70 патници кој се враќал од посета на светилиште. Поради интензивните врнежи од дожд, возачот ја загубил контролата над возилото и излетувајќи од патот, се превртел.
Ажит Ражан, претставник на полицијата на Банасканта, изјави „Во несреќата животот го загубија 21 лице. Откако возачот стапнал на кочницата, поради влажниот коловоз, возилото се лизнало и излетало од патот. Со помош на дигалка, од автобусот живи извлековме 53 патници.“
Овластените лица, соопштувајќи дека повредените се префрлени во околните болници, информираа дека меѓу повредените 35 лица се наоѓаат во тешка здравствена состојба.
Во информациите се наведува дека врнежите од дожд без престан продолжуваат веќе два дена.
Премиерот на Индија, Нарендра Моди, преку својот профил на социјалните мрежи им изрази сочувство на семејствата на починатите, а на повредените им посака што поскоро оздравување.